Никогаш повеќе нема да го изгубите вашиот миленик.
Со Pet Tag секој ќе може да ги добие вашите информации, да ве контактира и безбедно да го врати вашиот миленик.
Технологијата на Pet Tag
За изработка на Pet Tag се користи принт на фолија кој е отпорен на УВ зраци, надворешни влијанија и физички оштетувања со што се добива долготрајност на самиот производ. Истиот не е штетен за Вас, вашиот миленик и околината. Pet Tag користи најнова технологија од областа на NFC. NFC технологијата овозможува брз трансфер на информации од самиот чип до мобилниот уред, преку кој се вчитуваат внесените податоци. NFC чипот е отпорен на надворешни влијанија и има IP68 вредност што значи дека истиот е водоотпорен (тестиран на длабочина од 1м во времетраење од 5 часа), работи на температура од -20°C до +65°C и поседува ISO стандард. QR Code претставува вид на дигитална етикета која се користи за зачувување на информации со кој се овозможува трансфер на истите преку негово скенирање.
Критики
Нема критики сеуште.